Ердоган: Западот ништо не направи за Појасот Газа туку дополнително го разгоре огнот

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган изјави дека вонредниот состанок на Организацијата за исламска соработка (ОИЦ) што се одржува во Џеда, Саудиска Арабија ја покажува одлучноста на исламскиот свет, соочен со сè поголемо угнетување од Израел, како и солидарноста со палестинскиот народ и поддршката за палестинската борба.

– Досега остваривме телефонски разговори со 18 лидери на ниво на шефови на држави и влади. Во соработка со египетските власти, доставивме три авиони со хуманитарна помош во регионот. Продолжуваме да им пружаме рака за помош на угнетените луѓе во Газа, кои веќе 17 години живеат под блокада. Меѓутоа, акциите како што се испраќање носачи на авиони во регионот, блокирање на испораката на помош за палестинскиот народ и жестоко казнување на населението во Газа како целина, ги спречија нашите напори за да го поддржиме мирот, се наведува во пораката на Ердоган.

Тој посочи дека целосно неефикасниот Совет за безбедност на Обединетите нации уште еднаш не ја исполни својата задача и одговорност.

– Западните земји, кои се многу амбициозни во зачувувањето на човековите права и слободи, не направија ништо друго освен дополнително разгорување на огнот. Со нивното пристрасно и лицемерно известување, меѓународните медиуми побрзаа да го оправдаат убивањето на луѓе, додаде Ердоган.

Тој посочи дека бомбардирањето на невините луѓе кои бегаат во областите наречени „безбедни зони“, граничните премини, џамиите, училиштата и населбите полни со цивили се само дел од воените злосторства.

– Масакрот во Газа доби нова димензија по подлиот напад врз баптистичката болница Ал Ахли. Оние кои долеваат масло на огнот со изјавите од 7 октомври се исто толку одговорни како и извршителите на овој потресен масакр, истакна турскиот претседател.

Ердоган најави дека Турција ќе продолжи да работи на хуманитарен прекин на огнот и воспоставување постојана стабилност во регионот. 

Треба да знаете
Последни објави