Мицкоски: Владата на ДУИ и СДСМ за 6 години го зголеми долгот за речиси 2,5 милијарди евра

Соопштение за јавност од ВМРО-ДПМНЕ:

Економската политика на Владата на СДСМ и ДУИ или ДУИ и СДСМ ја доведе Македонија до бездната. Тие не чувствуваат никаква патриотска припадност и должност кон државата и континуирано ја носат во бездна и провалија на начинот на кој тие работат. Долгот галопира дојде до 8,3 милијарди евра што претставува практично околу 58 проценти од БДП, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на денешната посета на општина Зелениково која е во рамки на акцијата „Важно е! Од тебе зависат промените”.

„Ако направиме споредба со регионот, да речеме Србија едно време која беше многу напред сега е позади Македонија некаде отприлика 53,5 проценти, Косово кое се уште реално нема оформено државност е некаде до 20 проценти”, кажа Мицкоски.
Така што политиките на Владата, додаде Мицкоски, се поразени тие капитулираа.
„Капитулираа и на друг план инфлацијата е некаде околу 8,4 проценти, а во еврозоната е 4,3 проценти речиси двојно помала. Што значи тезата дека е увезена не држи. Повторно е уште една лага на власта”, укажа Мицкоски.

Мицкоски објасни зошто сето ова се случувало во изминатите години владеење на СДСМ и ДУИ.
„Владата на ДУИ и СДСМ во овие шест години за речиси 2,5 милијарди евра го зголеми долгот за да имаат повеќе пари за наместени тендери, тендери кои потоа ги договараат во 4 очи или со други зборови кажано постои основано сомневање за историски политички грабеж од страна на политички криминалци кои 6 години ја водат Владата”, заклучи Мицкоски.

Треба да знаете
Последни објави