Претрес во Велешта, пронајден пиштол

На 18.10.2023 околу 15.30 часот во с.Велешта, струшко, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода  А.И.(36) од с.Велешта. При претрес во неговиот дом и неговото патничко возило „мерцедес” со струшки регистарски ознаки, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одзмени  еден пиштол со  калибар 6.35 мм од чешко производство, со рамка со пет куршуми калибар 6.35 мм и 33 куршуми калибар 9 мм. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Треба да знаете
Последни објави