Европските фудбалски гиганти Манчестер сити, Баерн Минхен, Јувентус и Интер покажуваат голем интерес за потписот на дефанзивецот на Аталанта, Џорџо Скалвини (19).
Според италијанските медиуми, Аталанта нема да се согласи да му дозволи на младиот дефанзивец да замине од клубот за сума помала од 50 милиони евра.
Скалвини потекнува од академијата на Аталанта, а има договор со клубот од Бергамо до 2027 година.
Минатото лето 19-годишниот италијански репрезентативец се обидоа да го ангажираат ПСЖ и Интер, но Аталанта не попушти.
Аталанта во моментов е на шестото место на табелата во Серија А со 13 бодови, осум помалку од лидерот Милан.