Претседателот на Собранието на Северна Македонија, Талат Џафери, оствари средба со Тини Кокс, претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), кој што е овде во рамките на Конференцијата за меѓу-парламентарен дијалог за понатамошното унапредување на европската интеграција на Западен Балкан што ќе се одржи утре во Собранието.
Како што соопшти собраниската пре-служба, на средбата соговорниците разменија мислење за улогата на нашето членство во Советот на Европа и континуираното извршување на обврските што произлегуваат од членството.
Натауму тие разговарале за севкупната ситуација во светот, посебно од аспект на агресијата на Руската федерација врз Украина и ситуацијата во Израел, а се разговарало и за процесот на нашето зачленување во ЕУ.
-На изразениот интерес од страна на претседателот Кокс, претседателот Џафери го информираше високиот гостин и со тековниот процес на уставните измени и очекувањата за истиот во Република Северна Македонија, стои во соопштението на собраниската прес-служба.