Медиумите блиски до организацијата Хамас јавуваат дека Џамила ел-Санти, една од основачите на оваа организација и која важи за најмоќната жена во Хамас, наводно била убиена во раните утрински часови, пишува „Тајмс оф Израел“. Не е наведено каде и кога се случил нападот на израелската армија (ИД).
Во 2021 година, таа стана првата жена што беше избрана во политичкиот комитет на Хамас. Тоа е највисокото тело за одлучување во организацијата, а нејзиниот сопруг Абдел Азиз ел-Рантиси беше убиен во 2004 година за време на Втората интифада.