Шефицата на германската дипломатија во посета на Јордан, Израел и Либан поради кризата во Газа

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок замина од Берлин на нова рунда кризни разговори во Јордан, Израел и Либан во услови на тековната војна во Газа, јави ДПА.

Пред да замине за Јордан, Бербок го увери Израел за „нераскинливата солидарност на германската влада“.

„Борбата е со Хамас, а не со палестинското цивилно население“, кое исто така енормно страда, рече Бербок.

Таа истакна дека сакала да го искористи патувањето за да изврши притисок за ослободување на заложниците кои ги држи исламистичката милитантна група Хамас, која е класифицирана како терористичка организација од Израел, САД и Европската Унија. Германски државјани се меѓу околу 200-те заробеници кои групата ги држи во Газа, пренесува ДПА. 

Треба да знаете
Последни објави