Во Алжир големи собири за поддршка на Палестинците

Илјадници луѓе ширум Алжир денеска присуствуваа на одобрените собири во знак на солидарност со Палестинците и осуда на Израел за војната во Појасот Газа.

Алжирците маршираа пет километри низ главниот град со извици „Палестина, маченици!“ и „Народот и војската се со Палестина!“. Тие носеа транспаренти „Не за убиствата на деца, жени и цивили. Каде се човековите права? и „Бајден воен злосторник“, додека некои скандираа барање за протерување на американскиот амбасадор од Алжир.

Во знак на поддршка за палестинскиот народ, Алжир, кој претходно безусловно ги поддржуваше Палестинците, ги откажа сите културни настани, свечености по повод Денот на алжирската револуција (1954-1962), на 1 ноември, како и сите фудбалски натпревари „до понатамошно известување“.

Американскиот претседател Џозеф Бајден вчера го посети Израел и ја изрази својата поддршка за војната што започна со нападот на Хамас од Газа врз Израел на 7 октомври.

Треба да знаете
Последни објави