Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека конфликтот на Блискиот Исток може да биде „елемент на поделба“ доколку ситуацијата се управува погрешно.
„Сите ние сме Французи и не смееме да го увеземе овој конфликт“, рече Макрон, пренесува БФМТВ.
На новинарско прашање дали има намера да го посети Израел, Макрон рече дека тоа ќе го направи „кога ќе биде корисно“.
„Ако одам во тој регион, ќе одам да дадам корисно решение“, рече францускиот претседател.
Зборувајќи за забраната за демонстрации за поддршка на Палестинците, Макрон рече дека треба да има „период на пристојност“ и укажа на присуството на „радикални елементи“ на демонстрациите во Европа.
„Има луѓе кои сакаат да демонстрираат мирно, но има радикални елементи на протестите кои палат израелски знамиња“, рече Макрон.