Стабилно и потопло време за продолжениот викенд

За викендот следува период на стабилно и потопло време, освен во текот на ноќта кон недела кога ќе има преодно дестабилизирање со локален пороен дожд. Во сабота ќе дува засилен јужен ветер.

Според УХМР, утре во утринските часови ќе има појава на магла долж Повардарието. Во текот на денот сончево и потопло со умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 23 до 28 степени.

Во Скопје наутро ќе има појава на магла или ниска облачност, во текот на денот ќе биде сончево со умерен до засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 25 степени. 

Треба да знаете
Последни објави