Форум за Родово одговорно буџетирање за Западен Балкан и Молдавија

Форум за Родово одговорно буџетирање (РОБ), насловен како „Going Glocal: Родово одговорно буџетирање во Западен Балкан & Молдавија“ кој има за цел да го унапреди доброто владеење преку зајакнување на граѓанските организации ефикасно да ги користат алатките за родово одговорно буџетирање денеска и утре ќе се одржи во Скопје.

Форумот, на кој ќе учествуваат експерти од цела Европа, меѓународни организации, активисти од граѓански организации, владини претставници и други засегнати страни, има за цел да ја поттикне размената на ефективни методологии за унапредување на доброто владеење преку примена на алатките за РОБ, со фокус на градење синергии меѓу постојните мрежи и засегнати страни, како и да поттикне идно заедничко застапување и дејствување на национално, регионално и меѓународно ниво.

Воедно цели кон постигнување повеќеслоен пристап кон родово одговорното буџетирање преку презентирање на различни искуства во трансформирањето на локалните заедници, со фокус на информирање на глобалните стратегии. Исто така, и да ги подобри методологиите и алатките за следење на меѓународното финансирање насочено кон родовата еднаквост. Се стреми да генерира методолошки идеи за РОБ со цел ефективно да придонесе за ублажување на климатските промени и напорите за адаптација.

Форумот е заедничка иницијатива во рамки на проектот „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“, финансиран од Европската Унија и Мрежата за родово одговорно буџетирање поддржана од Австриската развојна агенција (ADA) и Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Sida), со дополнителна поддршка од Централно европската иницијатива – CEI. 

Треба да знаете
Последни објави