Во центар за мигранти во Словенија маж се заканувал дека ќе се разнесе извикувајќи „Алах е голем“

Маж се заканувал дека ќе се разнесе во Вич, Словенија, додека ги изговарал зборовите „Алаху акбар“ (Алах е голем), пишува „N1 Словенија“.

Во четвртокот вечерта се случи инцидент во центар за мигранти во Вич, кој полицијата го третира како терористички чин.

Наводно, околу 23 часот пред центарот за азил дошле двајца мажи, а едниот влегол во зградата и се заканил дека ќе се разнесе. Во исто време се известува дека тој извикал „Алаху акбар“, додека во автомобилот го чекал друг маж.

Како што пренесува 24ur.com, се наведува дека мажот е радикализиран Словенец, а на самото место бил уапсен од специјалната полициска единица.

Треба да знаете
Последни објави