За само шест години бројот на странски работници во Хрватска се зголеми од 7.800 на 130.000 вработени

За само шест години, хрватскиот пазар на труд претрпе тектонска промена во која бројот на странски работници се зголеми од 7.800 на околу 130.000 вработени, што е осум отсто од работната сила. Во некои гранки странците сочинуваат една петтина од вработените.

„И денес има хроничен недостиг од работници, а доколку Хрватска ја достигне европската просечна стапка на учество на работната сила од 75 отсто, од денешните 70 отсто, на пазарот би ѝ недостасувале 120 илјади работни места“, изјави гувернерот на централната банк на Хрватска, Борис Вујчиќ.

Во Хрватска има околу 100.000 невработени, во јуни бројката била уште помала, а последен пат тоа се случило во 1982 година.

„Да успеевме да го активираме населението, ќе имавме значително помала миграција, но дури и да ги отфрламе пензионерите и странската работна сила, потенцијалот на неактивното население во Хрватска е многу ограничен. Мора да бараме други решенија, делумно преку активирање на пензионерите, уште подобро би било да се покачи старосната граница за пензионирање, а делумно преку имиграција“, рече Вујчиќ.

Треба да знаете
Последни објави