Во Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ) ќе се формира Поткомитет за Западен Балкан така што Комитетот за политички прашања и демократија ќе обрне посебно внимание во иднина на земјите од Западен Балкан. Верувам дека овој Поткомитет може да стане движечка сила на ПССЕ за проширувањето на ЕУ и ќе претставува почеток на една успешна фаза на проширувањето.
Ова го изјави Золт Немет, претседател на Комитетот за политички прашања и демократија при Парламентарно собрание на Советот на Европа во вовeдното излагање на отворањето на Конференцијата за Меѓупарламентарен дијалог за понатамошно унапредување на европската интеграција на Западен Балкан, што законодавниот дом ја организира заедно со ПССЕ. Тој во своето излагање стави акцент на европската демокартска бзбедност.
-Неодамнешните случувања во регионот ставија до знаење дека поларизираната политичка клима лесно може да води до жестоки напади и крвопролевање, рече Немет и посочи на неодамнешните случувања во Косово.
Тој се осврна и на идејата за Европската политичка заедница на францускиот претседател Емануел Макрон со која според него го покренува прашањето како може да се организира Европа од политичка перспектива и со поширок опсег на она што е денес ЕУ.
-Се согласувам дека оваа наша историска обврска да одговориме на ова прашање. Исклучителната ситуација на овој континент сега бара дефиниција на ново членство или модел на ново членство во Европа, рече Немет.
Тој наглaси дека ЕПЗ во моментов е неформална платформа за меѓувлaдина соработка, која беше создадена по агресијата врз Украина од страна на Руската Федерација како форум за поттикнување на политички дијалог и соработка за да се зајакне безбедноста, стабилноста и просперитетот на Европскиот континент, која веќе одржа три самити во Прага, Кишињев и пред две недели во Гранада.
-Да се разбере подобро политичката позадина на оваа идеја која што беше воведена од францускиот претседател треба да се вратиме на руската агресија врз Украина во февруари 2022 година. По оваа инвазија ЕУ беше соочена со една комплексна ситуација. Како што се сеќаваме, Украина поднесе апликација за членство во ЕУ четири дена по почетокот на агресијата од Русија. Значи, во февруари 2023 година. Потоа Грузија и Молдавија исто така поднесоа апликација за членство во март 2022 година. Барањето за проширување стана голема политичка тема за ЕУ. Така што, реакцијата на агресијата на Русија е директна причина зошто ние денес се среќаваме тука, затоа што со тоа беше даден нов поттик за прашањето на проширување и сметам дека е многу важно дека нашите земји во регионот и земјите во Западен Балкан ја сфатат важноста на оваа можност како да го искористат овој нов динамизам што доаѓа од оваа целосно нова политичка клима во Европа, рече Немет.
За да се постигне членството во ЕУ потребно е години на подготовка и почнува со статусот на земјата кандидат, односно потврдување на тој статус, додаде тој.
-Драго ми е што можевме да го постигнеме тоа за Западен Балкан, друг тип на односи со ЕУ исто така постојат и понекогаш се дефинираат како алтернативи на членството. Меѓутоа, историската ситуација што во моментов се случува на овој континент може да речеме дека повикува на дефиниција на нов модел на членство или поточно, модел на врски со ЕУ. Бидејќи сега зборуваме за швајцарскиот модел и швајцарскиот модел после швајцарските избори се надеваме дека ќе биде постигнат. Или, пак, може да зборуваме за британскиот модел. И мислам дека исклучително важно е што ќе се случи по британските избори – какви односи ќе се создадат. Но, процесот на проширување за Западен Балкан верувам дека бара најмногу внимание сега и тука затоа што Западен Балкан е модел на проширување кој што оди кон целосно членство во ЕУ., нагласи претседател на Комитетот за политички прашања и демократија при ПССЕ.
Тој посочи меѓу другото дека Самитот ЕУ – Западен Балкан покажа дека ни треба нов вид на динамизам и нов тип на менталитет и партнерство помеѓу ЕУ и земјите кандидати.
-Унгарското претседателство има за цел во втората половина на 2024 година да го направи проширувањето врвен приоритет. Како што знаете триото Шпанија, Белгија и Унгарија започна и сега достапна е заедничката програма на трите земји. Можам да ви гарантирам дека унгарското претседателство ќе направи се’ од себе за да му даде на проширувањето нов динамизам и нов тип на партнерство на овие земји од проширувањето, рече Немет.
Според него, новиот план за проширувањето на ЕК исто така ќе вклучи напори за понатамошно усогласување на Западен Балкан со единствениот пазар на ЕУ да ги продлабочи регионалните економски соработки, да ги засили реформите во судството и антикорупцијата и да поттикне, да го засили финансирањето на претпристапување.