Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на глобалниот настан за градоначалници CityLab 2023 во Вашингтон во организација на Bloomberg оствари средби со градоначалници од САД, креатори на политики, урбани експерти и иноватори, посветени кон изнаоѓање заеднички конкретни решенија за справување со предизвиците со кои се соочуваат градовите.
Воедно на Генералното собрание на Глобалниот парламент на градоначалници кое се одржа вчера, градоначалниците од Америка, Европа, Азија, Блискиот исток и Африка, едногласно ја избраа градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска за еден од 7 членови на Управниот одбор кои ќе раководат со организацијата во следните години.
Управниот одбор, како раководно тело на Глобалниот парламент на градоначалници има за цел да одлучува за стратешките насоки, политики и заложби на градоначалниците, и преку вмрежување да делува со конкретни заеднички проекти кон овозможување поголема инклузивност и одржливост на градовите на глобално ниво.