Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека го убиле Махмуд Сабих, еден од командантите на единицата за „развој на стратешко оружје“ на Хамас.
„ИД уби висок командант на единицата за стратешко оружје на Хамас“, соопшти војската на Телеграм.
Сабих ја предводеше единицата која развиваше оружје за Хамас, вклучително и беспилотни летала, и „разменуваше знаење со други терористички групи низ Блискиот Исток“, пишува „Тајмс оф Израел“.