Израелската војска денеска соопшти дека грчката православна црква во Појасот Газа, која ги засолнила раселените палестински семејства, не била цел на израелски воздушен напад.
Делови од црквата се урнаа во експлозија доцна во четвртокот, при што загинаа 18 луѓе, а десетици останаа под урнатините, соопштија палестинските здравствени власти.
ИД во соопштението рече дека нивните борбени авиони го гаѓале командниот и контролниот центар на Хамас, вклучен во лансирањето ракети и минофрлачи кон Израел.
Како резултат на ударот, оштетен е ѕид од црква во реонот на центарот, се вели во соопштението.
„ИД може недвосмислено да каже дека црквата не била цел на ударот“, се додава во соопштението.
Но, Грчката православна патријаршија во Ерусалим го осуди, како што го опиша, „израелското бомбардирање кое целеше на една од нејзините црковни згради во градот Газа“.