Немаме информации за келии на Хамас во Грција, ниту пак некакви индикации кои би ни предизвикале паника, истакна министерот за заштита на граѓаните на Грција Јанис Иконому во интервјуто за грчката телевизија Алфа, јави дописничката на МИА од Атина.
Иконому објасни дека сепак будно ја следат ситуацијата, особено, како што рече, по она што се случи во Брисел, Франција и Пекинг и со искуството што го имаат од минатото.
– И покрај сето ова, нашите разузнавачки мрежи се развиени, нашиот надзор на специфични цели и конкретни точки е исто така развиен, и тоа со поголем интензитет, внимателни сме. Но, ова е далеку од тоа дека сме во фаза на паника, посочи министерот за заштита на граѓаните на Грција.
Тој додаде дека веќе презеле мерки на островите Кос и Лерос каде што во прифатните центри за бегалци и мигранти има заедници на Палестинци и други муслимани.