Ослободувањето на американските заложнички од Газа доаѓа „по многу денови континуирана комуникација“ со сите страни, изјави портпаролот на Министерство за надворешни работи на Катар.
Катар се надева дека дијалогот ќе доведе до „ослободување на сите цивилни заложници од секоја националност“, додаде портпаролот на Министерството за надворешни работи, Мајед ал-Ансари.
Американскиот претседател им се заблагодари на владите на Катар и Израел за нивното партнерство во обезбедувањето ослободување на двајцата американски заложници.
„Денеска, обезбедивме ослободување на двајца Американци земени како заложници од Хамас за време на ужасниот терористички напад врз Израел на 7 октомври…Јас сум пресреќен што наскоро ќе се обединат со нивните семејства“, нагласи Бајден.
Израелската влада соопшти дека двете американски заложнички чие ослободување Хамас го објави претходно денеска пристигнале во Израел.