Омилена дестинација на туристите во Европската унија во 2022 година била Шпанија, каде се забележани 270 милиони ноќевања, објави Евростат.
На второ место е Италија, каде лани се забележани 201 милион ноќевања во хотели и други видови сместување, а овие две земји имаат удел од 40 отсто во вкупниот број ноќевања во ЕУ.
Минатата година речиси половина, поточно 45,8 отсто од сите туристи во светот избрале една од земјите на ЕУ за своја дестинација.
Меѓу десетте најпосетувани земји во светот во 2022 година се шест земји-членки на ЕУ и тоа Франција, Шпанија, Италија, Германија, Грција и Австрија. Во некои земји уделот на странските туристи е многу поголем од оној на домашните, како што се Малта – удел од 92 отсто, Хрватска и Кипар – 91 отсто.
Овој тренд е забележан и во Луксембург, со учество на странски туристи од 86 отсто, како и во Грција – 84 отсто, додека во Австрија, Словенија, Португалија и Шпанија ова учество варира меѓу 60 и 70 отсто.