Асоцијацијата за корпоративна безбедност – Скопје во соработка со Асоцијацијата за корпоративна безбедност на Југоисточна Европа денеска организираат меѓународна конференција насловена „Корпоративната безбедност – столб на безбедноста на деловниот свет”.
Форумот ќе се одржи во конференциската сала на Дом на АРСМ во Скопје, според најавата од организаторите, ќе го отворат проф.д-р Атанас Козарев, претседател на АКБ – Скопје и Кренар Лога, министер за правда. Поздравни обраќања ќе имаат проф.д-р Драган Триван, претседател на Асоцијација за корпоративна безбедност на Југоисточна Европа, проф.д-р Боро Јакимовски, Декан на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, Емир Сулејмани, директор на Управа за матични книги и проф. д-р Денис Чалета претседател на Институтот за корпоративни и безбедносни студии од Словенија
Ова е 10-та јубилејна меѓународна конференција во организација на Асоцијацијата за Корпоративна Безбедност – Скопје.