Во два одвоени случаи, во текот на вчерашниот ден, Крајбрежната служба на Грција спасила вкупно 47 бегалци и мигранти во близина на островите Фармакониси и Сими, јави дописничката на МИА од Атина.
При редовна патрола, брод на крајбрежната служба открил 24 мигранти во морската областа јужно од Сими и сите, безбедно биле пренесени на пристаништето на островот.
Во вториот случај, по добиено известување за чамец во тешка положба во морскиот предел југозападно од Фармакониси, биле спасени 23 лица од кои седум деца.
Островите Фармакониси и Сими се наоѓаат во близина на турското крајбрежје.