На денешната средба на Премиерот на Велика Британија, Риши Сунак со емирот на Катар, шеик Тамим бин Хамад ал Тани договорено е да се испратат храна, вода и лекови во Појасот Газа.
Портпаролот на Даунинг стрит истакна дека Сунак и ал Тани ја потенцирале важноста да се избегне каква било ескалација на насилството низ регионот и дека „лидерите имаат одговорност да направат сè што е можно за да го спречат тоа“.
Тие, исто така, се согласија дека „загубата на цивилниот живот по нападите на Хамас е шокантна и трагична“.
Сунак од Катар ќе отпатува за Египет за да се сретне со своите колеги од регионот.