Денеска, околу 13 часот, дошло до пукање во центарот на Ужице. Српските медиуми пренесуваат дека тројца мажи се примени во болница во Ужице по пукањето што се случило на мостот Алексиќ во центарот на градот.
„Тројца пациенти се хоспитализирани на ургентниот оддел, ги прегледале дежурните лекари. Еден пациент се здобил со сериозни повреди на лактот и бил препратен на интензивна нега, на одделението за ортопедија. Дијагностиката за другите двајца пациенти е во тек“, изјави Драган Дамјановиќ, директор на болницата во Ужице.
Според очевидци, до пукањето дошло кога во мажи на мотори било пукано од мерцедес во движење. Патничкиот автомобил потоа продолжил кон населбата Теразие.