Во последното деноноќие два пожара на отворено

Во државава во последното деноноќие се регистрирани два пожара на отворено, еден во Скопскиот регион и еден во Општина Радовиш каде што пожарникарите гаснеле запалена ниска вегетација во атарот на с. Покрајчево на површина околу 15 хектари, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

ЦУК да се избегнува палење оган на отворено, заради тоа што вегетцијата е се уште многу сува, врнежите беа мали и температурите преку ден се во покачување. Истовремено, апелира итните случаи да бидат пријавувани што побрзо со кратки и прецизни информации на бројот 112, во интерес на безбедноста на граѓаните, а и на материјалните и природните добра во државата.

Треба да знаете
Последни објави