Египет: Не сме одговорни за немање на движење меѓу Појасот Газа и Египет

Египет не треба да биде обвинет за затворањето на преминот Рафа меѓу Појасот Газа и Египет „и покрај целните напади на Израел и одбивањето да ги отвори границите и да ја пушти помошта“, изјави вечерва портпаролот на египетското Министерство за надворешни работи, Ахмед Абу Зејид.

Тој на платформата Х (Твитер) изјави дека „преминот Рафа е отворен и дека Египет не е одговорен за тоа што граѓаните на трети земји не можат да излезат“.

Претходно, генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш ја изрази својата фрустрација кога зборуваше пред сè уште затворениот премин Рафа, пренесува Би-Би-Си.

Британскиот јавен сервис забележува дека не е јасно зошто денешниот експериментален конвој со помош од 20 камиони не преминал во Појасот Газа.

Гутереш зборуваше за „услови и ограничувања“ на кои им треба внимание, но не прецизираше детали.

И покрај договорот меѓу Израел и Египет, кој беше постигнат со посредство на американскиот претседател Џозеф Бајден, се чини дека сè уште има прашања што треба да се решат.

Израел инсистира камионите да носат само храна, вода и лекови и ништо од тоа да не стигне до Хамас.

Запрашан за задржувањето на помошта, висок израелски функционер изјави дека „тековните прашања се решаваат“, додавајќи дека има „добри шанси“ 20 камиони да влезат во Газа во сабота.

ОН, сепак, наведува дека ова е само мал дел од она што е потребно,

Треба да знаете
Последни објави