Соопштение за јавност на партијата ВМРО-ДПМНЕ:
Речиси шест години континуирано сум предмет на клевета од страна на клеветничката СДСМ, навреди од страна на СДСМ и нивните измеќари и полтрони. Се обидуваат да го нарушат мојот углед, мојата чест со тоа што континуирано речиси шест години објавуваат лаги, конструираат случаи и на таков начин мисат дека ќе опстојат повеќе на политичката сцена, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на посетата на Гази Баба која е во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените!” коментирајќи го фактот што Обвинителството се повлече од случајот Делчевски ниви.
Мицкоски истакна „како од самиот почеток, така и заклучно со овој случај јас лично бев посочуван од високи функционери на СДСМ”.
„И сведоци сме дека и ова октроирано обвинителство и судство, партизирано обвинителство и судство носи одлука за прекин на истрагата поврзана со овој случај. Затоа што откако ги сослушале исказите на лицата кои се осомничени, откако ги ислушале исказите на лицата кои се сведоци, откако ги прибавиле сите материјални докази кои се дел од оваа истрага донеле заклучок дека нема докази кои упатуваат на одобрено кривично дел. Дека не постои сторено кривично дело, а моето име, ниту пак ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија на било каков начин се дел од овој гнасен, монструозен и клеветнички чин кој заедно СДСМ се обиде преку октроираното обвинителство и судство да го конструира и објави на денот кога требаше оваа Влада на СДСМ и ДУИ да биде минато, а тоа беше 11 ноември 2021 година”, кажа Мицкоски.
За мене сепак претставува чест, додаде Мицкоски, и би рекол мала сатисфакција и се докажа правдата.
„Можеби правдата е спора, но вистината излегува на виделина. Наскоро има уште еден таков случај со уште една политичка партија во улога на слуга и измеќар да ме клевети и тие ќе имаат простор да се извинуваат”, посочи Мицкокси.
Мицкоски заклучи „уште една клевета и лага на СДСМ и измеќарите на СДСМ во опозицијата е растурена и апелираме оваа пракса на клеветење да престане”.