Катар сè уште работи на ослободување на уште заложници, изјави катарскиот министер за надворешни работи.
Шеикот Мохамед бин Абдулрахман Ал-Тани рече дека координацијата со американските и меѓународните партнери продолжува за ослободување на заробениците и за деескалација на ситуацијата во Газа.
Тој информираше дека на оваа тема разговарал со својот американски колега Антони Блинкен.
Хамас вчера ослободи двајца американски заложници по преговори со посредство на Катар.