Претрес во Кичево, пронајдена дрога

Полициски службеници од ОВР Кичево, вчера во 14:40 часот го лишиле од слобода В.С.(19) од Кичево.

Како што информираат денеска од МВР, при претрес во дом и помошни простории каде привремено престојува В.С., извршен со наредба од Основен суд Кичево, биле пронајдени марихуана, дробилка со остатоци од марихуана, куршум и други предмети со остатоци од марихуана.

-Поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, како и кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјали“, лицето е приведено и задржано во ОВР Кичево, а по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, се наведува во соопштението од МВР

Треба да знаете
Последни објави