Бесими: Испраќаме јасни сигнали за справување со инфлацијата која се намали од 19,8 проценти на 6,6 отсто

Политиките што ги спроведуваме како Влада во справување со ценовната криза се покажуваат преку намалување на инфлацијата која од 19,8 проценти во октомври сега е намалена на 6,6 отсто и тоа се јасни сигнали и кон граѓаните и кон бизнисот дека како и другите земји се бориме со инфлацијата, вели министерот за финансии Фатмир Бесими.

Во вчерашното гостување во Тема на денот, на ТВ Сител, минитерот Беими поочи дека клучно е да се стабилизираат очекувањата и дека за тоа треба координиран систем на пазарот, затоа што зголемените цени вршат притисок врз платите, а тие повторно врз цените и таа инфлаторна спирала тешко е да се врати назад.

-Затоа спроведуваме различни мерки, антиркизни насочени кон поддршка на граѓаните и компаниите, замрзнување на цените, административни мерки, времени мерки и слично како што тоа го прават и другите земји со цел да се стабилизираат очекувањата. Од друга страна монетарната политика ја зголемува каматната стапка што пак се одразува на економскиот раст, но тоа е цената кога се бориме со инфлацијата. Тоа се случува и во Европа, тоа се случуваше и во САД и во земјите од регионот. Се соочуваме со фактот да се стабилизираат очекувањата и да се стабилизира и инфлациајта и да се придонесе кон раст, рече министерот Бесими.

Тој додаде дека четири години по ред период во кој се соочуваме со криза се спроведува фискална консолидација при што дефицитот од над 8 отсто во време на ковид–кризата постепено се намалува, а при тоа има раст на инвестициите, раст на платите при истовремено спроведување на антикризни мерки.

-Во буџетот издвојувавме она што порано го немало. Издојуваме средства за антиркизни мерки. Субвенционираме цена на електричната енергија за над 600 илјади домаќинства. Сега разговараме за нов пакет мерки за најранливите категории, разни поволни кредити за компаниите, а и граѓанската обврзница, посочи Бесими.

Тој потенцира дека во услови на криза се намалува сиромаштијата и невработеноста, што е нотирано од Светската банка во најновиот извештај. Односно евидентирано е дека и во време на криза земјата успеала да го продолжи трендот на намалуање на невработеноста и сиромаштијата. Исто така, растат и платите, што е нотирано во извештајот и дека тие од април наваму номинално растат повеќе од инфлацијата, а тој раст ќе продолжи и во иднина имајќи го предвид системот што го воспоставивме и што е голем успех за нашата економија и општество.

Позитивни оценки во извештајот се однесуваат, како што рече министерот, и на отворањето на ЕУ преговорите, инвестицискиот циклус, што е забележано со зголеменото учество во БДП, но и во самиот проектиран Буџетот. Тоа, рече министерот, се фактори што ќе влијаат на растот на среден рок, кој пак во моменов е под силно влијание на надворешни фактори, односно на случувањата во ЕУ и особено во Германија како наш најголем трговски партнер.

Во интервјуто министерот се осврна и на прашањето за платите на функционерите при што напомена дека во Владата веќе се разговара за да се најде решение кое ќе биде одржливо. 

Треба да знаете
Последни објави