Британскиот премиер во Каиро се сретна со претседателите на Египет и на палестинската управа

Британскиот премиер Риши Сунак во Каиро се сретна со претседателите на Египет, Абдел Фатах ал Сиси и на палестинската управа Махмуд Абас, објавија странските агенции.

Посетата на египетската престолнина беше уште една етапа од турнејата на Сунак низ регионот со цел да се спречи ескалација на конфликтот меѓу Израел и палестинското исламистичко движење Хамас.

Британскиот премиер и неговите соговорници се согласија дека е неопходно да се дозволи пристап на хуманитарна помош до Појасот Газа и да се избегнат цивилни жртви.

Сунак се сретна со Ал Сиси и Абас по посетата на Израел и Саудиска Арабија. 

Треба да знаете
Последни објави