Катар: Во тек се напори за ослободување на заложниците во Газа

Катар сè уште работи на ослободување на уште заложници, изјави катарскиот министер за надворешни работи.

Шеикот Мохамед бин Абдулрахман Ал-Тани рече дека координацијата со американските и меѓународните партнери продолжува за ослободување на заробениците и за деескалација на ситуацијата во Газа.

Тој информираше дека на оваа тема разговарал со својот американски колега Антони Блинкен.

Хамас вчера ослободи двајца американски заложници по преговори со посредство на Катар.

Треба да знаете
Последни објави