СДСМ: Мерките на Владата доведоа до едноцифрена инфлација, потврдено и од Светска банка

Соопштение за јавност на политичката партија СДСМ:

Економските мерки и политики на Владата предводена од СДСМ за намалување на инфлацијата  даваат резултати, што е потврдено и од Светска банка.

Светска банка потврди дека владините мерки доведоа до едноцифрена инфлација и очекува инфлацијата да продолжи да се намалува годинава и следната година, додека историски ниското ниво од околу 2% би се постигнало во 2025 година.

На среден рок се предвидува намалување на стапката на сиромаштија, намалување на невработеноста и невработеноста на младите, пораст на платите и пораст на БДП по глава на жител.

СДСМ, како одговорна партија продолжува со мерки и политики за намалување на инфлацијата и за поттикнување на економскиот раст.

Треба да знаете
Последни објави