Министерката за одбрана, Славјанка Петровска за 24инфо.мк одговора на прозивките и барањето за нејзино евентуално извинување за случајот „Делчевски ниви“
„Нема зошто да се извинувам, борбата против мафијата и тефтерчињата од минатото е најтешка. Таа понекогаш трае подолго од очекуваното, но најважно е да се продолжи и да не се откажуваме. Јас ни милиметар не се повлекувам од борбата против криминалот и корупцијата без оглед во чии редови е и затоа на криминалци и штетници не им се извинувам. Кога ќе ги видите ниските проценти на доверба во судството и обвинителството ДПМНЕ немаат многу простор за славење“ вели Петровска за 24инфо.мк