Фудбалерите на Барселона вечерва на Олимпискиот стадион во Барселона го победија Атлетик Билбао со 1:0 во натпреварот од 10. коло на шпанската Ла Лига.
Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Марк Гије во 80. минута. Тој влезе во игра минута порано, а потоа успеа да му донесе победа на својот тим. Гијом вечерва дебитираше за првиот тим на каталонскиот клуб.
Барселона моментално е на третото место на табелата со 24 бодови, а во следното коло ќе се сретне со Реал. Билбао е шести на табелата со 17 бодови, а во следното коло од Ла Лига ќе игра на домашен терен со Валенсија.
Претходно денеска се одиграа три натпревари од 10.коло во Ла Лига, а постигнати се следните резултати: Лас Палмас – Рајо Ваљекано 0:1, Жирона – Алмерија 5:2 и Виљареал – Алавес 1:1.