Загрозени 1.100 пациенти во Газа кои се на дијализа поради недостиг на гориво

Болниците во Газа се во криза поради недостиг на гориво, што може да ги загрози животите на 1.100 пациенти со бубрежна инсуфициенција, меѓу кои и 38 деца, соопшти денеска палестинското Министерство за здравство.

Десет болници и 29 здравствени центри во Газа повеќе не работат како резултат на израелските воздушни напади и недостиг на гориво, според Министерството за здравство. Другите остануваат отворени, но се очекува да останат без гориво во наредните денови.

„Одложувањето на влезот на гориво во болниците во Појасот Газа навестува страшна здравствена и хуманитарна катастрофа“, изјави портпаролот на палестинското Министерство за здравство, д-р Ашраф Ал Кудра, се вели во соопштението.

Израел ги прекина сите испораки за Газа по нападиот на Хамас на 7 октомври. Камиони со прва помош од почетокот на конфликтот влегоа во Газа вчера, но тие не вклучија гориво.

Треба да знаете
Последни објави