Конфликт меѓу Хамас и израелската армија внатре во појасот Газа

Борците на Хамас се судрија со израелските војници во Појасот Газа, военото крило на Хамас – соопшти денеска бригадата Ал Касам. Се чини дека тоа е еден од првите судири меѓу двете страни на копно во Појасот Газа од избувнувањето на војната на 7 октомври, објави Си-Ен-Ен.

Военото крило на Хамас соопшти дека нападнале од заседа два израелски воени булдожери и еден тенк, принудувајќи ја израелската армија да се повлече во Израел без своите возила.

„Војниците на ционистичките сили кои беа нападнати во заседа во близина на Кан Јунис ги оставија своите возила и избегаа на исток од оградата, трчајќи“, тврдат бригадите Ал Касам на социјалните мрежи. Израелските одбранбени сили (ИД) само изјавија дека „во нив се пукало кога минувале на запад, во близина на оградата со Појасот Газа, во областа Кисуфим“.

„Тенк на ИД нападна терористичка ќелија која пукаше кон војниците“, додаваат од ИД. Кибуц Ксуфим во Израел се наоѓа источно од Кан Јунис. ИД потврди за Си-Ен-Ен по телефон дека нивните војници спроведувале операција во Газа за време на инцидентот. Ова не е прв пат ИД да потврди дека спроведува операции во Газа од почетокот на офанзивата на Хамас на 7 октомври, бидејќи ИД на 13 октомври објави дека извршила рации во Газа, додаде американската телевизиска мрежа.

Треба да знаете
Последни објави