Во анализата на24инфо.мк за тоа како се движат цените на становите во земјите од Отворен Балкан (Македонија, Албанија, Србија) Белград има убедливо најскап квадратен метар и е еден од најскапите градови по цени за станбен простор.
Без разлика колкава е оддалеченоста од центарот на градот, во Белград е речиси невозможно да се пронајде стан поевтин од 2.000 евра за метар квадратен.
Цените на становите околу централното градско јадро се продаваат помеѓу 3.000 и 3.600 евра за квадрат.
Убедливо најскап е делот во населбата Савски венац, односно зградите во популарниот Белград на вода.
Таму, не се наоѓа стан кој е поевтин од 4.000 евра за метар квадратен, а во една пд зградите се наоѓа и најскапиот стан во регионот.

Агенција за недвижности продава стан во комплексот Белград на вода со површина од 145 м2 за кој бара неверојатни 1.290.000 евра, односно е со цена од рекордни 8.897 евра.
За таа цена, во Скопје и Тирана може да се купат по три пространи и лускузни станови.