Приведени крадци во Битола, го признале делото, одземеното вратено на сопственикот

Полициски службеници од Криминалистичката полиција и Полициската станица од општа надлежност при СВР Битола денеска ги лишиле од слобода Е.А.(31) и Ѓ.В.(30) од Битола. 

Тие се сомничат дека извршиле „тешка кражба” во земјоделски комбинат во Битола, при што одзеле повеќе предмети, а извршиле и оштетување на дел од објектот. Двајцата биле приведени во полициска станица и во службен разговор го признале делото. 

Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот, против истите ќе биде поднесена кривична пријава.

Треба да знаете
Последни објави