Канадскиот премиер Џастин Трудо објави дека разговарал со израелскиот претседател Јицак Херцог за нападите на палестинската исламистичка група Хамас.
„Разговаравме за заложниците кои ги држи Хамас и за неопходноста од нивно итно ослободување“, вели Трудо во објавата на платформата Х.
Тој додаде дека „Канада го поддржува правото на Израел да се брани во согласност со меѓународното право“.



