Канадскиот премиер разговарал со израелскиот претседател за нападите на Хамас

 Канадскиот премиер Џастин Трудо објави дека разговарал со израелскиот претседател Јицак Херцог за нападите на палестинската исламистичка група Хамас.

„Разговаравме за заложниците кои ги држи Хамас и за неопходноста од нивно итно ослободување“, вели Трудо во објавата на платформата Х.

Тој додаде дека „Канада го поддржува правото на Израел да се брани во согласност со меѓународното право“. 

Треба да знаете
Последни објави