По повод одбележувањето на 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, висок претставник на Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија денеска положи свежо цвеќе и оддаде почит на македонскиот револуционер Гоце Делчев пред неговиот споменик во Градскиот парк во Скопје.
И владина делегација положи цвеќе и оддаде почит на великанот Гоце Делчев пред неговиот споменик во Градскиот парк во Скопје.