Холандскиот премиер Руте во Израел на средби со израелскиот и палестинскиот лидер

Холандскиот премиер Марк Руте денеска ќе го посети Израел за да разговара со премиерот Бенјамин Нетанјаху и палестинскиот претседател Махмуд Абас, соопштија канцелариите на Руте и Нетанјаху.

Посетата на Руте следи откако холандското Министерство за надворешни работи вчера ја потврди смртта на 33-годишната Холанѓанка која отпатувала во Газа за да го посети своето семејство непосредно пред почетокот на војната меѓу Израел и Хамас. Во соопштението се вели дека Руте разговарал со Нетанјаху и побарал појаснување за смртта на жената.

Тој, исто така, повика на „хуманитарни паузи“ во борбите за да се овозможи помошта да стигне до жителите на Појасот Газа.

„Израел има право да се брани и мора да ја елиминира заканата од Хамас и да направи се за да ги ослободи заложниците“, рече Руте.

Од кабинетот на Нетанјаху соопштија и за посета на францускиот претседател Емануел Макрон.

Во соопштението се вели дека двајцата лидери „ќе пристигнат во понеделник и вторник“ и ќе се сретнат со израелскиот премиер. 

Треба да знаете
Последни објави