Францускиот претседател Емануел Макрон денеска допатува во Тел Авив, јавија британските меидуми.
Тој во Израел ќе се сретне со премиерот Бенјамин Нетанјаху, израелскиот претседател Исак Херцог и со опозициските лидери од политичкиот центар Бени Ганц и Јаир Лапид.
Францускиот претседател се очекува да повика на „заштита на цивилите“ во Газа, додека Израел продолжува да бомбардира цели на Хамас во палестинската енклава и се подготвува за копнена офанзива чија цел е уништување на милитантната група која владее во областа.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху претходно објави дека францускиот претседател Емануел Макрон и холандскиот премиер Марк Руте неделава ќе го посетат Израел.