Соопштение за јавност на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ:
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ г. Христијан Мицкоски денес (24 октомври 2023 година) заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ г. Александар Николоски во Будимпешта оствари средба со Претседателот на пријателската партија, ФИДЕШ и премиер на Унгарија г. Виктор Орбан.
На средбата беа констатирани одличните и пријателски односи меѓу двете партии, и стана збор за реализација на стратешките цели на Македонија.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски се заблагодари на поддршката од Унгарија на Македонија посочувајќи дека тоа е доказ за вистинско пријателство, изразувајќи надеж дека таа поддршка ќе продолжи имајќи го во предвид фактот дека Унгарија наредната година го презема претседателствувањето со Европската Унија.
Воедно на средбата беше направен пресек на соработката и работата на двете партии во насока на размена на искуствата кои се користат при изработка на програмата на ВМРО-ДПМНЕ за наредните избори. Воедно беше разговарано за идни проекти и планови за развој кои би се реализирале веднаш по промената на власта во Македонија.