Фудбалерите на Баерн Минхен вечерва го победија Галатасарај со 3:1 во натпреварот од третото коло од групата А на Лигата на шампионите. Стрелци за Баерн беа Кингсли Коман во осмата минута, Хари Кејн во 73 и Џамал Мусиала во 79 минута.
Голот за Галатасарај го постигна Мауро Икарди од пенал во 30. минута.
Баерн е прв во групата со сите три победи, а Галатасарај е втор со четири бода.
Во следното коло Баерн ќе го пречека Галатасарај.
Во групата Д, Интер како домаќин го победи Салцбург со 2:1.
Головите за Интер ги постигнаа Алексис Санчез во 19. минута и Хакан Чалханоглу од пенал во 64. минута, пренесува Бета.
Стрелец за Салцбург беше Оскар Глух во 57. минута.
Интер е прв со седум бодови, а Салцбург е трет со три бода.
Во следното коло Салцбург ќе го пречека Интер.