Две лица се повредени, откако врз нив се пукало попладнево во трговскиот центар „Ист гејт мол“. Пренесени се во болница за укажување помош.
Како што потврди МВР, полициски екипи се упатени на лице место. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
За кус период ова е втор вооружен напад во овој трговски центар.