Во текот на вчерашниот ден (23.10.2023) на воениот полигон „Пенуш”, штипско, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Единица за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи при Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам, изврши уште едно успешно ништење на различни видови мински и експлозивни направи и материи.
Овие мински и експлозивни средства пред сѐ се предмети кои потекнуваат од кривични дела, запленети во текот на прегледи или претреси, а по претходно издадени судски наредби.
Имено, ова ништење на експлозивни средства на воениот полигон „Пенуш” беше реализирано во координација со Одделот за специјални полициски операции и СВР Штип со вкупно четири контролирани експлозии.