На социјалните мрежи се појави ексклузивно видео од вооружениот напад во Ист Гејт Мол. Се гледа како маж во бела блуза пука кон двете лица кои завршија во болница. Претходно беше објавено дека во инцидентот беше повреден Раде Трајковски Штекли. Пред два месеци тој беше ранет, а пред една година е екстрадиран во Македонија за да издржува затворска казна од шест месеци.