Претседателот на Република Српска Милорад Додик денеска во Палатата на Републиката разговараше со амбасадорот на Руската Федерација во БиХ Игор Калабухов, кого го запозна со политичките теми важни за Република Српска.
Во разговорот со рускиот дипломат, Додик истакнал дека РС никогаш нема и не може да го прифати самопрогласениот висок претставник Кристијан Шмит и оти тој нема овластување да врши какви било активности во Босна и Херцеговина.
Како што соопшти Кабинетот на Додик, со Калабухов се согласиле дека приоритет е зачувување на стабилноста и мирот, со дијалог меѓу домашните политичари заснован на взаемно почитување на двата ентитета и трите конститутивни народи на Босна и Херцеговина.
Истакната е определбата за продолжување и продлабочување на соработката меѓу Русија и Република Српска, со цел економски, стопански и секаков друг просперитет на взаемно задоволство, се наведува во соопштението.